Реал Мадрид е убеден да го купи францускиот репрезентативец Килијан Мбапе (23), до тој степен што шпанскиот новинар Хозе Педрерол најави дека клубот ќе го претстави играчот во следните два месеци.
Реал со месеци се обидува да донесе еден од најбараните играчи во светот. „Кралевите“ минатото лето понудија речиси 100 милиони евра за француската ѕвезда, но ПСЖ не сакаше да го продаде.
Но, и самиот Мбапе не е сигурен за својата иднина во Париз и веќе на некој начин флертуваше со Реал, а со своите изјави остави можност во неколку наврати да игра во најтрофејниот европски клуб. Тој има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а потоа би можел да го избере Мадрид како нова дестинација како слободен.
Шпанскиот новинар Хозе Педрерол е убеден дека Мбапе ќе се пресели во Реал, па во програмата „Ел Чирингуита“ откри дека Реал подготвил се за претставувањето на големата ѕвезда. Тој се повика на своите извори во клубот, а истакна дека претставувањето на Мбапе ќе се одржи во следните два месеци, односно на крајот на мај или најдоцна на почетокот на јуни.
Информацијата што ги даде Педрерол се во спротивност со онаа што вчера ја објави Даниел Риоло. Францускиот новинар изјави дека Килијан Мбапе, сепак, нема да одлучува за трансферот и ќе ја објави својата одлука да остане во ПСЖ во наредните недели.
Сето ова ги збунува љубителите на најважните споредни работи во светот, па ќе мора да почекаме неколку недели пред Мбапе да ја објави својата одлука. Се верува дека се ќе се знае кон средината на мај.
Мбапе одигра 38 натпревари за францускиот великан во сезоната 2021/2022. На тие натпревари постигна 28 гола и запиша 20 асистенции.