ФУДБАЛ

Реал Мадрид веќе размислува за нова „деветка“, Перез подготвува „галактико“ замена за Бензема

Карим Бензема сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч за минатата сезона.

Французинот ја освои Златната топка на 34 години, но јасно е дека Флорентино Перез веќе размислува за следната „деветка“ на Реал Мадрид. Бензема се мачеше со повреди на почетокот на оваа сезона, одигра само пет натпревари во Ла Лига со одличен учинок од пет гола и една асистенција. Напаѓачот го чека и Мундијалот во Катар, Дешам сериозно смета на него.

Карим е во Реал од 2009 година, договорот му завршува на крајот на оваа сезона, но очигледно очекуваме да го продолжи престојот на Бернабеу. Сепак, Перез мора да размислува и за иднината по Бензема.

Англиските и шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе се обиде да го доведе Габриел Жесус во текот на следното лето.

Жесус целосно се адаптираше во Арсенал, тој конечно е предна деветка, што не беше секогаш случај во Сити. Бразилецот има пет гола и седум асистенции на 12 натпревари во ПЛ. Јасно е дека неговиот трансфер би барал многу пари. Договорот му истекува во 2027 година, пристигна од „Етихад“ за сума од 55 милиони евра, јасно е дека „топчиите“ нема ни да помислат да го продадат доколку на „Емирати“ не пристигне голема понуда.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига