Лидерите на Реал Мадрид не сакаат нивниот клуб да ја повтори сезоната, како оваа што помина, па во новата ќе влезат во значително изменета екипа.
Три засилувања веќе пристигнаа на Бернабеу, се очекуваат голем број заминувања, но новиот играч се уште чека.
Во следната сезона, Еден Азар, Лука Јовиќ и Едер Милитао ќе играат во познатиот бел дрес, додека тренерот Зинедин Зидан бара уште едно големо засилување за средниот ред.
И понатаму се шпекулира за Пол Погба, би можел да биде и Ериксен од Тотенхем, но додека обожавателите чекаат уште едно голем име, Реал се спрема да претстави, нешто “помалку” звучно име.
Имено, новиот играч на Реал Мадрид наскоро треба да стане 24-годишниот лев бек, Ферланд Менди.
Иако сеуште не е големо фудбалско име, Реал Мадрид на Лион, ќе му плати значителен надомест – околу 50 милиони евра за Менди.
Трансферот на Менди во Реал Мадрид, наводно, се договара извесно време, но целата работа речиси пропадна поради проблемите со колкот на францускиот фудбалер. Сепак, по проверките во Реал Мадрид дека овие проблеми не се закануваат да ја загрозат кариерата на Менди, трансферот треба да се реализира.
Според одредени шпекулации, Менди може да биде претставена на „Сантијаго Бернабеу“ во следните 48 часа.
Инаку, Менди забележа 44 настапи за Лион во сите натпреварувања во изминатата сезона, постигна три гола и постигна ист број асистенции.
Во ноември минатата година дебитираше за репрезентацијата на Франција, а оттогаш собра три настапи за Триколорите, вклучувајќи го и поразот од Турција минатата сабота.