Неверојатен натпревар можевме да проследиме помеѓу Реал Мадрид и Шахтар каде гостите го совладаа шампионот на Шпанија со 2:3.
Гостите одлично го започнаа натпреварот, Реал делваше некако „раштимано“ во првото полувреме. Резултатот го отвори Тете во 29. минута од натпреварот и му донесе водство на Шахтар од 0:1.
Само 4 минути потоа, односо во 33. минута од натпреварот Шахтар доаѓа до водство од 0:2, а автор на погодокот беше Варан кој ја затресе сопствената мрежа.
На самиот крај на првото полувреме, во 42. минута Соломон ја погоди целта и донесе високи 0:3 за Шахтар, а со овој резултат екипите заминаа на пауза.
Во второто полувреме можевме да видиме сосема друг Реал. Домаќинот започна значително да ја подобрува играта на сите позиции на теренот. Конечно во 54. минута од натпреварот Модриќ со прекрасен удар од далечина ја затресе мрешата на Шактар и го врати Реал во игра.
„Кралевите“ беа буквално насекаде на теренот, а тоа резултираше со уште еден гол за кратко време, односно во 59. минута Винисиус погоди за 2:3 и ги врати надешите на Реал, не само за да избегне пораз, туку и за целосен пресврт на натпреварот.
Но после вториот гол на Реал, Шахтар одлично се бранеше до самиот крај на натпреварот. Ррал успеа да дојде до третиот погодок во првата минута од судиското надополнување, но голот беше поништен поради офсајд во кој се најде Винисиус.
Крајниот резултат на натпреварот беше 2:3 во корист на Шахтар, а со ова уште еднаш се потврдува фактот дека во Лигата на шампионите секоја може да секој.