ФУДБАЛ

Реал најмногу заработи од наградите на УЕФА

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид минатата сезона заработи најмногу во Лигата на шампионите со 133,7 милиони евра, објави денеска Европската фудбалска унија.

Вкупната заработка на Реал вклучува основна уплата за влез во групната фаза, бонуси за резултати, дел од правата за емитување во Шпанија и дополнителна исплата врз основа на историскиот рекорд на клубот во натпреварувањата на УЕФА.

Ливерпул, кој минатата година беше поразен од Реал во финалето, беше втор на „наградните табели“ со вкупно 120 милиони евра од вкупниот награден фонд на Лигата на шампионите на УЕФА од над две милијарди евра.

Само уште два клуба заработија деветцифрена сума: Баерн Минхен заработи речиси 110 милиони евра, а Манчестер Сити 109 милиони евра.

Пари Сен Жермен беше поразен од Реал во осминафиналето и заработи „само“ 92 милиони евра.

УЕФА соопшти дека 32-та клуба во групната фаза заработиле во просек по 61,8 милиони евра, а најниската исплата од 23,7 милиони евра е за молдавскиот Шериф.

Челзи беше елиминиран од Реал во четврт-финалето и заработи 91,9 милиони евра. Барселона минатата сезона заработи 71 милион евра.

Кога станува збор за Лига Европа, најмногу заработи победникот Ајнтрахт Франкфурт со 38 милиони евра, а финалистот Глазгов Ренџерс 20,7 милиони евра.

Во Конференциската лига најмногу заработи Рома, победничкот во натпреварувањето, која инкасира 19,2 милиони евра.

Сезоната 2021/2022 беше прва во новиот тригодишен комерцијален циклус за клупските натпреварувања на УЕФА пред реновирањето и проширувањето во 2024 година.

ПОВРЗАНО

Лига Европа