ФУДБАЛ

Реал не со години не му верува, Манчестер Јунајтед е подготвен да го грабне!

Еден од најистакнатите неодамнешни таленти е Мартин Одегард. Тој потпиша договор со Реал Мадрид од 2015 година, но скоро секогаш играше како позајмувач.

Норвежанецот првично беше позајмен во Херенвен, додека минатата година беше дел од Витесе, каде ја имаше најдобрата сезона досега. Во моментов, Одегард е дел од Реал Сосиедад, со кого има постигнато два гола на седум средби.

Покрај постигнувањето на голови, Норвежанецот се појави како клучен играч за Баскијците, откако само неодамна ги освои срцата на навивачите на Аноета. Овој факт ги натера поголемите европски клубови да се заинтересираат за него и како што неодамна беше објавено, токму Манчестер Јунајтед сериозно размислува за евентуален трансфер на 20-годишниот фудбалер.

Според извештаите на медиумите, „црвените ѓаволи“, наводно, треба да плата скоро 25 милиони фунти на Реал Мадрид, при што Одегард ќе се пресели на „Олд Трафорд“ на крајот на оваа сезона.