Џејдон Санчо е една од најголемите сензации во европскиот фудбал. Благодарение на импресивните настапи, го привлече вниманието на фудбалските гиганти.
Реал Мадрид е заинтересиран за англискиот напаѓач Џејдон Санчо.
„Лос Бланкос“ се големи обожаватели на талентот на Борусија Дортмунд, пренесува Дејли Меил.
Британските медиуми пренесуваат дека шпанскиот гигант е подготвен да потроши 115 милиони евра за трансфер на играчот на Дортмунд.
19-годишникот го бараат и други популарни клубови како Манчестер ЈСЖ.
Реал го сакаше играчот исто така во 2017 година, кога го напушти Манчестер Сити.
Санчо има постигнато 4 гола на 11 натпревари оваа сезона со германскиот клуб и е еден од најголемите таленти во Европа.