Реал за Иско бара отштета од 70 милиони евра. Тренерот Зинедин Зидан нема доверба во Иско, тој не му се вклопува во концепцијата, и сака да се ослободи од него.
Веројатно Иско нема да има проблем да си најде нов клуб. Интерес за него има од англиските Манчестер јунајтед, Арсенал и Манчестер сити, како и од италијанскиот првак Јувентус, но во Јуве не би платиле 70 милиони, па затоа пореално е во јануари Иско да замине во Премиерлигата, отколку во Серија А.