Давиде Анчелоти, син на Карло Анчелоти, ја започнува својата независна тренерска кариера. „Марка“ го опишува Давиде како клучен човек на првиот тренер на Реал Мадрид и наведува дека тој е главниот кандидат за преземање на Базел. Давиде оваа сезона имаше можност да ја преземе клупата на Евертон, но на крајот таа идеја не беше реализирана и тој остана дел од кругот на најдоверливи луѓе на неговиот татко.
Сега се пишува дека се предомислил и дека на 33 години започнува самостојна тренерска кариера. Тој има важечки договор со Реал и за следната сезона, но не треба да го комплетира, туку да се пресели во Швајцарија, каде од следната сезона треба да го води тимот. Иако млад, Давиде Анчелоти е искусен во работата во најдобрите европски клубови. Тој ја започна својата кариера како фитнес тренер во ПСЖ, а работеше во Мадрид, Баерн, Наполи и Евертон пред да се врати во Реал во септември 2021 година.
