Реал Мадрид и Реал Бетис ремизираа без голови во 38. коло од шпанската Примера.
Првата шанса Реал Мадрид ја имаше во деветтата минута преку Бензема, чиј удар беше изблокиран. Веднаш потоа шутираше и Крос, но покрај голот.
Првиот сериозен обид на гостите во 20. минута Жозе шутираше крај голот. До крајот на полувремето сепак го забележавме падот на Бензема во шеснаесетникот на Бетис, но пеналот не беше досуден.
На отворањето на вториот дел, Бензема повторно е загрозен, но гостинскиот голман го одбрани ударот на кој налетува Родриго и го упати над голот.
Во 58. минута нов обид на Бензема, но повторно крај голот.
Французинот вечерва едноставно не се предаде, во 84. минута промаши гол. Бетис можеше да го казни на три минути пред крајот, но Хоакин прокоцка голема шанса и таа остана 0:0.
Во продолжението Реал пропушти уште две шанси, преку Себаљос и погодувате – Бензема.
Ова е трет натпревар по ред во Мадрид кој завршува 0-0 меѓу овие два клуба и петти на кој Реал не постигна гол против Бетис на домашен терен. Пред последните три нерешени, Бетис славеше победи од 0:2 и 0:1 во Мадрид.
Реал Мадрид ја завршува сезоната како шампион на Шпанија со 86 бодови, додека Бетис е петти со 65 и следната сезона ќе игра во Лига Европа. Сезонава го освоија Купот на кралот и синоќа пред натпреварот видовме двојна линија која си ја подготвија играчите на два тима на Реал Мадрид.
Вреди да се напомене дека Рајо Ваљекано и Леванте одиграа одлична партија во истиот период, а гостите кои следната сезона ќе играат во Сегунда славеа со 2:4.