Шпанскиот дефанзивец Алваро Одриозола, кој игра со екипата на Реал Мадрид, се очекува да замине на позајмица за време на јануарскиот преоден рок. За 24-годишниот репрезентативец се заинтересирани Баерн Минхен, Атлетик Билбао и Севиља.
Одриозола, во својата втора сезона на „Бернабеу“, има одиграно само пет натпревари. Поради оваа причина, тој бара нов тим и понудите не изостануваат.

Доаѓајќи во летото 2018 година од Реал Сосиетад, Одриозола не успеа да го замени Дани Карвахал како десничар, завршувајќи на клупата. Баерн се чини дека е најзаинтересиран да ги добие услугите на играчите.
Сепак, играчот ќе замине само на позајмица.