ФУДБАЛ

Реал подготвен да го продолжи договорот на Бензема

Лос Бланкос планира да ја продолжи соработката со францускиот напаѓач до 2023 година

Реал Мадрид има за цел да го продолжи договорот на Карим Бензема.

Веста ја објави шпанскот медиум „АС“.

Тековниот договор на опасниот француски напаѓач ќе истече во 2021 година, додека Реал размислува да го продолжи за уште две години.

Бензема наскоро ќе наполни 32 години, а со новиот договор, кој истекува во 2023 година, тој ќе стави крај на мадридското искуство.

Французинот оваа сезона блеска со Реал, водејќи го нападот сам.

Тој има постигнато 16 гола на 23 настапи во сите натпреварувања.