Веќе подолго време се пишува за заминувањето на Серхио Рамос од Реал Мадрид.
По се изгледа дека прашањето поврзано со иднината на Рамос е решено, бидејки мадридскиот клуб се подготвува да се збогува со фудбалерот.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез има намера да го контактира Рамос за да организира збогување со него овој месец.
Идејата на Перез е, дефанзивецот да се фотографира со сите освоени трофеи во Реал, како благодарност за неговиот придонес.
Рамос со Реал освои вкупно дваесет и два трофеја: Ла Лига (5), Куп на Шпанија (2), Суперкуп на Шпанија (4), Лига на шампионите (4), Суперкуп на Европа (3), Светско клупско првенство (4).
Реакцијата на играчот на оваа идеја е непозната.