ФУДБАЛ

Реал подготви 130.000.000, Модриќ ги пакува куферите?!

Џуд Белингем е цел број еден и тоа не се промени.

Флорентино Перез подготвува големо лето во 2023 година кое ќе се прераскажува, пишуваат шпанските медиуми.

Перез исто така можеше да го размрда фудбалскиот пазар во претходните години и да го подготви теренот за тоа едно лето, само сетете се на 2009 година кога во исто време пристигнаа Кристијано Роналдо, Кака, Карим Бензема, Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа.

Сега прв во низата е Џуд Белингем, а Марка пишува дека Реал на Борусија Дортмунд ќе и понуди 130 милиони евра. Перез верува во добрите односи со раководството на Дортмунд и дека ќе го привлече Англичанецот пред Ливерпул.

Меѓутоа, доколку дојде, тоа значи дека ќе мора да си заминат Тони Крос или Лука Модриќ. И Германецот и Хрватот имаат договори до јуни оваа година, Реал го чека расплетот на Белингем, но дали Крос ќе реши да се пензионира, што исто така не е исклучено.

Доколку Крос одлучи да ја продолжи кариерата, тогаш ќе потпише нов договор, што автоматски значи дека Модриќ ќе стане слободен, тврди Марка.

Модриќ се уште чека официјална понуда од Мадрид, но се уште нема. Сега е познато дека зад сè стои идејата новиот партнер на Крос да биде Белингем, зад нив Чуамени, а во ротацијата на Камавинг, Себаљос …