Мадридскиот клуб планира да се засили на десното крило за следната сезона, а ѕвездата на Ливерпул се смета за идеална опција за замена на Герет Бејл, за кого се очекува да го напушти Мадрид.
Реал Мадрид планира да направи големи засилувања следното лето.
„Лос Бланкос“ одвои скоро 130 милиони евра за трансфер на напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.
Вецта ја објави шпанскиот весник „Дон Балон“.
Салах постигна 5 гола на 10 одиграни натпревари во Премиер лигата оваа сезона со Ливерпул.
Во последниве години, Салах беше еден од најопасните напаѓачи во Европа.