ФУДБАЛ

Реал покажа интерес за Донарума

Поради недостаток на успех во последните сезони, италијанскиот голман може да ги напушти „росонерите“ летово

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти Милан на крајот на оваа сезона.

Италијанскиот голман е уморен од чекање за трофејни успеси, едноставно со „росонерите“ нема иднина.

Прашањето за договорот помеѓу играчот и клубот сè уште не е решено, па италијанскиот репрезентативец би можел да го спреми куферот и да замине.

Интерес за 20-годишникот покажа Реал Мадрид, кој воопшто не е задоволен од сегашниот голман, Тибо Куртоа.

Покрај Лос Бланкос, Јувентус и ПСЖ покажаа интерес и за Донарума.