Реал Мадрид на домашен терен славеше против Еспањол со резултат 2-0.
Избраниците на Зинедин Зидан, со еден гол во прво и еден гол во второ полувреме, славеа победа над Еспањол и повторно се искачија на врвот на табелата.
Бензема, за кој се пишуваше дека е повреден, одигра одличен натпревар.
Во 37. минута, Бензема асистираше до Варан и Реал стигна до водство.
Второто полувреме имаше доста агресивна игра од двете страни, но во 79. минута по асистенцијата на Валверде, Бензема го дуплира водството на домаќините.
Реал остана со играч помалце во 83. минута, кога Менди доби втор жолт картон.
Со оваа победа Кралевите се позицираа повторно на врвот на табелата, со 34 бода, но Барса има 31 бод и натпревар помалку.