Реал ја победи Барселона со 2:1 во Ел Класико, но го загуби и Лукас Васкез.
Имено, Васкез ги повреди вкрстените лигаменти на левото колено и ќе има подолга пауза.
Во најдобар случај, ќе паузира три месеци, а доколку биде потребна операција, нема да биде на теренот една година
На крајот на сезоната, неговиот договор со Мадрид истекува, па постои голема можност да ја заврши својата епизода во дресот на Реал.
Васкез обезбеди одлична партија против Барса и беше асистент на Бензема за водство на Реал.
Тој се повреди во дуелот со Бускетс.