ФУДБАЛ

Реал сака да го продаде Хамес Родригез

Зидан не го сака Хамес, но Реал нема да го позајми.

Реал Мадрид не сака да го даде на позајмицата Хамес Родригез, пренесува „Марка“.

Многу клубови се заинтересирани за Колумбиецот, но „Лос Бланкос“ претпочитаат да го продадат 28-годишникот и да добијат пари наместо да го позајмуваат.

Тој не е во плановите на Зинедин Зидан и најдобриот избор е да си замине.

Хамес има остварено само 7 настапи во Ла Лига оваа сезона.

ПОВРЗАНО

Ла Лига