ФУДБАЛ

Реал сака да ја искористи клаузулата за откуп на Регилон

Реал Мадрид размислува да го врати Серхио Регуило во тимот, кој премина во Тотенхем во текот на 2020 година, потпишувајќи 5 години.

Тотенхем плати 28 милиони евра за левиот дефанзивец, додека Реал наметна клаузула за откуп и сега сака да го искористи.

Нема да им биде лесно да го земат 24-годишниот фудбалер од Англичаните, бидејќи тренерот Нуно Еспирито Санто го смета за недопирлив дефанзивецот кој го активира како стартер во составот на тимот.

Сепак, клаузулата во договорот му дава надеж на Реал да постигне задоволителен договор за двете страни.