ФУДБАЛ

Реал сака уште еден „галактикос“: Кралевите во Англија испраќаат пари и Бејл

Реал Мадрид оваа недела започна со исполнување на зацртаното.

Лука Јовиќ и Еден Азар пристигнаа на „Сантијаго Бернабеу“, а во следните неколку недели, треба да се приклучат нови фудбалери во нападот.

Најголемата желба на Флорентино Перез е Пол Погба, но Манчестер Јунајтед и Мино Раиола се како „тврд орев“ кога станува збор за договарање.

Според “Дејли мејл”, кралевите ќе им понудат пари и Герет Бејл на „Црвените Ѓаволи“ за Погба.

Бејл се проценува на 100 милиони евра, додека Јунајтед за францускиот играч од средниот ред сака 150 милиони евра.

За Погба сериозно е заинтересиран и Јувентус, а според некои извештаи Погба нема ништо против враќањето во Торино.