По три години пауза, Реал Мадрид се врати во полуфиналето од Лигата на шампионите откако одигра 0:0 на гостувањето кај Ливерпул во реваншот од четвртфиналето.
Кралевите пристигнаа на „Енфилд“ со 3:1 од Мадрид, што се покажа како доста добра залиха за да продолжат понатаму.
Натпреварот може да се каже дека беше еднонасочен. Со оглед на резултатското заостанување, „црвените“ беа оние кои постојано напаѓаа, но и промашуваа.
Тешко е да се набројат сите пропуштени прилики на избраниците на Јирген Клоп, но веќе на отворањето на мечот, Куртоа брилијантно ги бранеше ударите на Салах и Милнер.
Набргу потоа, одговорот го доби Мадрид, кој ја погоди стативата по продорот на Бензема, поточно, топката ја одврати еден од играчите на „црвените“.
Финишот на првото полувреме носи две одлични шанси, Салах и Вијналдум беа оние кои не успеаја да постигнат гол.
Второто полувреме носи фуриозни напади на домашниот тим, но и нови промашувања. Фирмино имаше добра шанса во 46-та минута.
Гостите имаа најголема шанса во продолжени преку Винисиус и Бензема, но Алисон беше побрз од обајцата во 66-та минута.
Поминаа последните минути во обидите на Ливерпул да остварат победа. Сепак, двојната блокада на Реал издржа сè, па мадриѓаните се оние кои слават.
Во полуфиналето тие ќе се соочат со друг англиски претставник. Екипата на Зинедин Зидан ќе игра против Челзи.
Така Реал уште еднаш покажа дека е Реал. Екстремно тешките три меча за седум дена завршија на одличен начин – Ливерпул беше нокаутиран, а Барселона беше поразена на Ел Класико.
Од друга страна, Ливерпул ќе има голема борба за пласман во Лигата на шампионите во остатокот од сезоната, што е под голем знак прашалник со оглед на шестото место на табелата на седум кола пред крајот.