ФУДБАЛ

Реал со помош на чудесниот Куртоа ја преживеа „артилеријата“ на Ливерпул и стана европски првак!

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва во Париз го победија Ливерпул со 1-0 во фантастичен финален натпревар од Лигата на шампионите и по 14-ти пат станаа европски шампиони!

Двете екипи претпазливо го отворија натпреварот во кој Ливерпул ја имаше иницијативата на почетокот, но немаше големи шанси во првите десет минути.

По првичниот тест на силите, Ливерпул прв се закани. „Црвените“ имаа одлична шанса во 16. минута кога Александар-Арнолд го проигра Салах кој од тешка ситуација се обиде од неколку метри, но Куртоа одбрани.

 

Две минути подоцна Салах повторно се обиде, но Куртоа повторно одбрани. Ливерпул можеше да постигне гол во 21. минута. По една одлична акција, Мане шутираше одлично, но Куртоа успеа да ја допре топката, по што таа ја погоди стативата и остана 0:0.

 

Ливерпул и потоа напаѓаше, додека Реал се бранеше и јасно беше дека Кралевите својата шанса ја чекаат од контра.

 

По неколку промашувања, Црвените за малку ќе имаа студен туш од другата страна. Во 44. минута Бензема постигна гол за 1:0 по голема гужва во шеснаесетникот на црвените, но на крајот голот беше поништен поради офсајд.

 

Иако играчот на Ливерпул последен ја доигра топката, на крајот судиите во ВАР собата процениле дека Бензема е во офсајд на почетокот на оваа акција и решиле да го поништат голот, што предизвика многу полемики.

 

На почетокот на вториот дел Ливерпул повторно го диктираше темпото на игра. Реал трпеливо чекаше контра и успеа да ја исполни во 59. минута кога поведе со 1:0, а овојпат сето тоа беше регуларно.

 

Валверде брилијантно мина од десната страна и ја уфрли топката во шеснаесетникот, а најдобро се снајде Винисиус Јуниор кој рутински ја испрати топката во мрежата на Алисон за 1:0 и ерупција на ентузијазам кај навивачите на Реал Мадрид.

Ливерпул можеше да израмни само пет минути подоцна. Салах имаше шанса да шутира одлично, но неверојатниот Куртоа повторно одбрани и го спаси Реал Мадрид.

 

Во 69. минута нова шанса за црвените. По еден центаршут, Жота ја упати топката со глава до Салах, но Куртоа повторно ја одбрани.

 

На крајот од натпреварот Клоп ги фрли сите карти во нападот. Во 80. минута одлично искомбинираат Мане и Салах, кој повторно шутира, но и овој пат брани голманот на Реал Мадрид. Две минути подоцна Фирмино испрати одлична повратна топка за Кеита кој беше сам на 16 метри, но очајно шутира и ја испраќа топката кон небото под облаците.

 

Во 83. минута голема шанса за црвените. Фабињо испрати одлична топка за Салах кој излезе сам пред Куртоа, но Белгиецот вечерва повторно спектакуларно одбрани и по којзнае кој пат го спаси својот тим.

 

Ливерпул се обиде да израмни и да продолжи во финишот на мечот, го имаше поседот на топката, но Реал успеа да ја зачува мрежата и да победи и по 14-ти пат во својата историја ја освои Лигата на шампионите.

 

Иако на крајот неколку пати беа на прагот да испаднат, Реал Мадрид стана европски првак, што е еден од најголемите потфати во претходните сезони и секако за пофалба!