Според шпанскиот весник “Дон Балон” управата на Реал Мадрид ќе се обиде да го донесе капитенот на Интер, Мауро Икарди.
Аргентинецот веќе неколку сезони е меѓу најдобрите стрелци во Серија А, а неодамна и Фабио Капело изјави дека Мауро Икарди претставува идеална замена за Кристијано Роналдо во Мадрид.
Реал и во минатиот преоден рок се обидуваше да го убеди Икарди да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Се чини дека и во Реал се свесни дека мора да најдат соодветна замена за Роналдо, бидејки одкако Раоналдо се пресели во Јувентис, Реал во последните пет натпревари има постигната само 1 гол.
Тие подготвија многу атрактивна понуда за Интер, ќе го понудат Лука Модриќ и 40 милиони евра за услугите на аргентинскиот репрезентативец.