Јулиен Лопетеги најверојатно ги бори последните денови на клупата на Реал Мадрид.
Според извештаите од Шпанија, Лопетеги речиси сигурно ќе стане поранешен тренер на Реал, по големото Ел Класико против Барселона, а претседателот на клубот Флорентино Перез тргна по замена.
Англиските медиуми тврдат дека Маурисио Почетино е првиот избор на Реал. Тие се подготвени да му понудат на Тотенхем 40 милиони фунти за аргентинскиот експерт и ќе биде многу интересно да се види што ќе се случи со овој случај.

Почетино минатото лето потпиша нов договор со Тотенхем. Обврзан на петгодишна соработка, но лошите резултати оваа сезона ја загрозија неговата работа.
Сепак, тимот од Лондон нема толку лесно да се откаже од овој тренер, кој сепак никогаш не ја криеше својата желба да работат во Реал Мадрид.