ФУДБАЛ

Реал влезе во трката за Санчо

Лос Бланкос ќе му конкурира на Манчестер Јунајтед за англиската sвезда на Борусија Дортмунд, која чини над 100 милиони евра

Реал Мадрид се подготвува за битка со Манчестер Јунајтед за Џејдон Санчо.

Веста ја објави британскиот медиум „Дејли Стар“.

Англискиот репрезентативец блеска во Бундеслигата со Борусија Дортмунд и како резултат тој стана мета на најголемите европски клубови.

Ливерпул, Манчестер Сити и Челзи во Англија исто така го сакаат англискиот талент.

Сепак, фаворит за неговиот трансфер се чини дека е Манчестер Јунајтед, но со влегувањето на Реал во трката, сè може да се промени.

ПОВРЗАНО

Бундеслига