ФУДБАЛ

Реал во јануари ќе го донесе отфрленото дете на Барселона

Реал Мадрид полека подготвува листа за засилување за јануари, што треба да биде доста долга.

На листата на потенцијални засилувања на претседателот Флорентине Перез, исто така, се најде и името на дефанзивецот на Бетис, Марк Бартра кој „кралевите“ наводно, ќе се обидат да го донесе уште во јануари.

Бартра е дете на Барселона. Тој ја помина познатата академија Ла Масија, а за првата екипа играше од 2010 до 2016 кога замина во редовите на Борусија Дортмунд.

Сепак, не играше многу во дресот на Дортмунд и одлучи да се врати во Шпанија на почетокот на оваа година и да потпише договор со Бетис каде што навистина е фантастичен.

Сега пред него има голема одлука. Реал сака да го донесе во јануари, понудата наводно ќе биде доста привлечна, а пред Бартра има голема одлука, дали да се приклучи на омразениот ривал од претходните години.

Сепак, Реал пред да почни со купување, прво треба да се реши тренерското прашање, а листа на Перез сигурно ќе заврши во рацете на човекот кој ќе го преземе клубот.