Играчот од средниот ред на Реал Бетис, го разбуди интересот на Реал Мадрид.
Реал Мадрид нема намера да се повлече од Набил Фекир.
Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека францускиот играч од средниот ред стана сериозна мета за мадридските гиганти.
26-годишниот играч ужива во многу позитивна сезона со Реал Бетис и тоа го предизвика интересот на најголемите европски клубови.
Останува да се види колку пари ќе побара Бетис за ослободување на францускиот репрезентативец, кој пред години беше близу до преселба во Ливерпул.
Фекир му се допаѓа на тренерот Зинедин Зидан и би можел да му се придружи на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето.