ФУДБАЛ

Реал значително ослабнат во Супер купот: Кралевите останаа без Бензема и Бејл

Реал Мадрид ќе биде значително ослабен во натпреварите од шпанскиот Супер куп, кој ќе се одиграат оваа недела во Саудиска Арабија.

Претходно беше познато дека Еден Хазард нема да игра на мини-турнир во Саудиска Арабија, а денес Герет Бејл и Карим Бензема му се придружија на Белгиецот.

Бензема, кој оваа сезона е во страшна форма, повреди еден од мускулите на левата нога, додека Бејл е болен, поточно, има инфекција на дишните патишта.

Кралевите ќе играат против Валенсија в среда, а во случај да стигнат до финалето, постои шанса Бејл да му се приклучи на составот.

Ова значи дека кога станува збор за напаѓачката фаза на Зинедин Зидан, ќе бидат достапни само тројца играчи: Родриго, Винисиус и Јовиќ.

Во второто полуфинале силите ќе одмерат Барселона и Атлетико Мадрид.