ФУДБАЛ

Ребиќ во последните секунди успеа да постигне гол за голема прослава на „Сан Сиро“, Несторовски одигра само 12 минути

Турбулентен натпревар за екипата на Милан во 20. коло од Серија А против Удинезе, на домашен терен.

Натпревар кој беше неизвестен се додека судијата не означи крај, а Милан на крајот славеа со 3-2.

Удинезе го отвори резултатот со голот на Ларсен во 6. минута по катастрофалната грешка на Донарума, гостите на полувреме заминаа со водство од 1-0.

Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ кој влезе во 46. минута, по само две минути игра постигна гол за израмнување, 1-1.

Хернандез во 72. минута успеа да ја доведе домашната екипа до водство од 2-1, но во 85. минута Ласагна го израми резултатот 2-2.

Кога сите го очекуваа крајот на натпреварот, Анте Ребиќ во судиското надополнување успеа да го израдува цел „Сан Сиро“ и да му донесе три бода на Милан.

Милан по одиграни 20 натпревари се наоѓа на 8. позиција со 28 бода, додека Удинезе се наоѓа на 13. позиција со 24 бода.

Нашиот репрезенативец Несторовски денеска одига само 12 минути.

ПОВРЗАНО

Серија А