ФУДБАЛ

Реченица по која немаше спас за него: Што му рече Видал на судијата Тејлор?

Кошмарот на Артур Видал на натпреварите против Реал Мадрид продолжи синоќа. Покрај поразот, Чилеанецот доби и црвен картон.

Видал доби два жолти картони за десет секунди во првото полувреме откако судијата Ентони Тејлор не одигра пенал за „нероаѕурите“.

Тејлор беше близу, сметаше дека стартот на Варан над Видал не е за изведување на пенал и реши да ја продолжи играта. После тоа, експлодираше чилеанскиот играч за врска.

Нервозниот Видал најпрво доби жолт картон, по што изговори реченица по која му немаше спас и мораше да замине да се истушира.

„Го добивте тоа срање од ВАР за да го погледнете и не правите ништо“, наводно рекол Видал, па Тејлор извади црвен картон и го испрати надвор.

Видал доби црвен картон со резултат 0:1. Реал постигна нов гол во второто полувреме за сигурен триумф.