ФУДБАЛ

Реченицата на Рамос која го навреди Перез, по што стоперот веднаш го напушти Реал

Серхио Рамос пристигна во Реал Мадрид во 2007 година за 27 милиони евра од Севиља, а минатото лето како слободен играч замина во ПСЖ.

За време на преговорите помеѓу Реал и Рамос околу продолжување на соработката, во јавноста излегоа различни информации, а по повеќе од половина година по заминувањето, каталонски спорт донесе нова информација.

Кога преговараа Рамос некако го уценуваше Флорентино Перез и една реченица ја прели чашата и се однесува на Жерар Пике, стоперот на Барселона.

Токму кога преговорите влегуваа во завршна фаза, се појави информација дека Пике во Барселона заработува 28 милиони евра, што беше причина Рамос да уценува.

„Пике заработува толку пари, затоа сакам иста сума или повеќе“, е реченицата со која Рамос го уценуваше Перез, на што не се согласи првиот човек на Реал.

По неуспешните преговори, долгогодишниот капитен на Лос Бланкос замина во ПСЖ каде заработува 500.000 евра месечно откако ќе му се одземат сите даноци од платата.

Со оглед на тоа што 35-годишниот досега на теренот помина само 283 минути во пет настапи, може да се каже дека веќе заработи огромни пари за времето поминато на теренот.

Инаку, самиот Пике пред неколку месеци ја демантираше висината на платата и јавно откри дека годишно заработува 4,6 милиони евра.