ФУДБАЛ

Речиси 20.000 Турци поднеле барање за промена на името и презимето во – Фатих Терим

Генералната управа за население и државјанство на Турција го објави рокот за оние кои сакаат да го сменат името и презимето.

 

Генералната управа за население и државјанство им даде рок до 24 декември на оние кои сакаат да го променат своето име и презиме преку порталот Е-Влада во Турција.

 

Само во првите неколку дена пристигнаа голем број барања, а интересно е што дури 19.000 барања се однесуваат на промена на името во Фатих Терим.

Доколку се прифатат сите овие барања, речиси 20.000 турски граѓани ќе носат име и презиме на турска легенда.

 

Терим е поранешен турски репрезентативец и една од најголемите легенди на Галатасарај. Како тренер се прослави водејќи ја Галата дури четири мандати, а до неодамна беше тренер на големиот истанбулски клуб, а работеше и во Италија како тренер на Фиорентина и Милан.

 

Како селектор ја предводеше Турција до полуфиналето на Европското првенство во 2008 година. Со Галатасарај освои дури осум титули во турското првенство, три Купа и пет Суперкупа на таа земја.

 

Еден од најголемите тренерски успеси е освојувањето на Купот на УЕФА во 2000 година, кога Галата го победи Арсенал на пенали на стадионот Паркен во Копенхаген.

 

Дефинитивно едно од највлијателните и најзначајните имиња во турскиот фудбал, па не е чудно што голем број граѓани на таа земја решија да го сменат името до крајот на годината.