ФУДБАЛ

„Ред Бул може утре да го купи Кристијано Роналдо ако го сакаат тоа“

Во 2005 година, Ред Бул одлучи да влезе во светот на фудбалот со купување на австрискиот клуб Австрија Салцбург.

Во текот на изминатите 15 години, Ред Бул инвестираше голема сума пари во фудбалот, a екипата на Салцбург, се подобрува од сезона во сезона. Оваа компанија исто така го купи тимот на Лајпциг кој оствари неверојатен успех за само неколку години.

Покрај овие клубови, Ред Бул ги поседува и Њујорк Ред Булс, Ред Бул Бразил, Ред Бул Брагантино и Ред Бул Гана. Јасно е дека тие се многу моќни финансиски, а за тоа зборуваше и германскиот фудбалер Оливер Крагл.

Крагл играше две години во Австрија и не крие дека е воодушевен од подемот на тимот на Салцбург, како и на Лајпциг. Тој во моментов игра за Беневенто во Италија и се обиде да им покаже на јавноста во Апенините колку е финансиски моќен тимот на Ред Бул.

„Салцбург беше одличен во Лигата на шампионите оваа сезона, но што да кажам за Лајпциг кој го нокаутираше Тотенхем во осмина финалето. Ред Бул заработи огромни пари во овие клубови и тоа го видов додека играв во Австрија. Па, тие можат да го донесат утре Кристијани ако тоа го сакаат. Тие сакаат огромни пари, но она што ме воодушеви е што тие одат еден чекор по еден и инвестираат во млади играчи, наместо да купуваат моќни sвезди за да бидат тим што ќе трепка една сезона, а потоа ќе исчезне од сцената “, рече Крагл