По поразот од Хрватска во борбата за третото место на Светското првенство во Катар, селекторот на Мароко, Валид Реграги изјави дека е и разочаран и среќен.
„Разочаран сум од вториот пораз во низа, направивме се што можевме, но среќен сум што стигнавме до четвртото место. Беше физички тешко, играчите имаа малку време да се опорават. Сакавме да им донесеме повеќе радост на луѓето. Ќе учиме од овој Мундијал и ќе работиме на тоа да се вратиме уште посилни“, започна Реграги по натпреварот.
„Хрватите имаат поголемо искуство и заслужено победија, им честитам на тоа. Завршивме меѓу најдобрите четири селекции во светот и се преселивме да го скршиме тој европски тренд на Мундијалот, но научивме дека против Франција и Хрватска треба да се направи многу повеќе за да се постигне нешто поголемо“, заклучи селекторот на најголемото изненадување. на Светското првенство.