ФУДБАЛ

Рекорден трансфер на Енцо во Челзи!

Фото: LISBON, PORTUGAL - OCTOBER 25: Enzo Fernandez of SL Benfica reacts during the UEFA Champions League group H match between SL Benfica and Juventus at Estadio do Sport Lisboa e Benfica on October 25, 2022 in Lisbon, Portugal. (Photo by Octavio Passos/Getty Images)

Најдобриот млад фудбалер на Светското првенство, Енцо Фернандеш, во рекорден трансфер во Премиер лигата стана нов фудбалер на Челзи.

Бенфика во последните моменти од преодниот рок ја прифати понудата на Челзи кој ја активираше клаузулата од 120 милиони евра. На овој начин се отвори вратата за реализација на најскапиот дојдовен трансфер во историјата на Премиер лигата.

Фернандеш потпиша договор до 2031. На овој начин Челзи дојде до дури 330 милиони евра потрошени само во јануари.

Во првиот дел од сезоната, Аргентинецот одигра 29 натпревари во дресот на Бенфика и постигна четири гола со дури седум асистенции. На Мундијалот беше еден од најважните играчи во освојувањето на титулата со Аргентина, забележувајќи гол и асистенција.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига