Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос победувајќи го Хуан Пабло Вариљас во три сета. Ѓоковиќ фуриозно стигна до пласман во четвртфиналето – 6:3, 6:2, 6:2.
Ѓоковиќ во четвртфиналето на РГ ќе игра против Русинот Карен Хачанов, кој во четири сета беше подобар од Лоренцо Сонего. Тоа ќе биде 10-ти меч меѓу Новак и Карен.
Новак ништо не остави на случајноста против 94. тенисер во светот против кого игра првпат во кариерата.
Мечот траеше само еден час и 59 минути, а првиот сет го одбележаа два брзи брејка на Новак.
Вариљас имаше одговор на едно, но тоа беше се што можеше да направи.
Djokovic puts an end to Varillas' dream run ✖️#RolandGarros | @DjokerNole pic.twitter.com/NLQp8DZ9mh
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 4, 2023
Новак продолжи со исто темпо и во вториот сет, но уште поубедливо – на ривалот му дозволи само два гема и повторно двапати му одзеде сервис.
И последниот дел од играта изгледаше исто, а Вариљас не успеа да ja отежне работата на третиот тенисер во светот.
Новак по 17-ти пат во кариерата се пласираше во четвртфиналето на Грен слем на земјена подлога, што го прави рекордер.
Српскиот тенисер ја брка својата 23. Грен слем титула на Ролан Гарос – тој и Надал моментално се изедначени по бројот на тие трофеи (22).
Зад Вариљас е РГ за паметење – во пет сета во главниот ждреб ги победи Шанг , Баутиста-Агут и Хуркач и се пласираше во осминафиналето.
Новак Ѓоковиќ се бори за 23. Грен слем титула во Париз, што би го направило независен на чело на вечната листа во овој поглед, бидејќи сега е изедначен со Рафаел Надал со 22 трофеи . Ѓоковиќ досега двапати го освои отвореното првенство на Франција – триумфираше во 2016 и 2021 година.
