Од 16 часот се одиграа три дуели од 20.коло на англиската Премиер лига.
Така продолжи денеска „Боксинг деј“, а лондонските клубови имаат причина за радост.
Вест Хем како гостин го совлада Ватфорд со 1:4. Стрелци за „чеканите“ беа Соучек, Бенрахма, Нобл и Влашиќ, за домашните тоа беше Денис.
Кртизал Палас беше убедлив против Норич и славеше со 3:0. Стрелци за домашната екипа беа Едуард, Матета, Шлуп.
Интересен натпревар одиграа Саутемптон и Тотенхем, а конечниот резултат гласеше 1:1, головите ги постигнаа Вард-Проуз и Кејн.