Септемврискот квалификациски прозорец им донесе четири бода на Македонија, реми против Италија во Скопје (1:1) и победа на гости против Малта (0:2), но и премија во восина од 100.000 евра.
Премијата ќе ја поделат сите кои беа дел од репрезенативниот собир во овој септемвриски квалификациски прозорец.
Македонија со победата против Малта со головите на Елмас и Манев ја оствари втората победа во квалификациите, а токму со тие три бода е израмни на табелата со селекциите на Украина и Италија кои исто како и ние имаат по 7 освоени бода.
Слединот натпревар Македонија го игра наредиот месец против селекцијата на Украина.
