Арон Ремзи претходно договори трансфер во Јувентус, а исто така одбра и број.
Велшанинот како слободен играч од Арсенал замина во Јувентус, а на „Старата дама“ ќе се придружи во следниот период.
Рамзи во Торино нај веројатно ќе го носи бројот осум, кој последен пат го носеше италијанскиот играч од средниот ред Клаудио Маркизио, но минатата сезона овој број беше неискористен.
Некогаш осумката ја носеше Антонио Конте, сега менаџер на Интер и една од легендите на Јувентус.
Ремзи во Арсенал го носеше бројот осум во последните сезони, а пред тоа бројот 16 го имал на грбот.
Играчот од средниот ред во Арсенал беше од 2008 до 2019 година, но беше на заем во Нотингем Форест и Кардиф Сити.