Летниот преоден рок завршува вечерва на полноќ во повеќето европски лиги, па сигурно е дека денес не очекуваат голем број шпекулации.
Видовме навистина неверојатни трансфери ова лето, и многумина веруваат дека некој трансфер „бомба“ ќе се случи и последниот ден.
Англиските медиуми синоќа објавија дека Вулверхемптон сака да донесе големо засилување на самиот крај на преодниот рок, и дека нивна прва желба е Ренато Санчес.
Португалскиот фудбалер има одлична сезона во Лил зад себе и е подготвен да се врати на големата сцена откако не се докажа пред само неколку години кога се пресели од Бенфика во Баерн.
Lille's Renato Sanches could be returning to the Premier League, set to join Wolves on loan. [source: @JasonBourne1986 / TalkSport]#WWFC | #Wolves pic.twitter.com/C7uUVDOo5H
— Talking Wolves (@TalkingWolves) August 30, 2021
TalkSport објави дека Вулверхемптон е во контакт со челниците на Лил веќе неколку дена, и дека успеале да постигнат договор.
Наводно, Санчес ќе ја продолжи кариерата во дресот на Вулвехемптон каде ќе дојде на едногодишна позајмица, а англискиот клуб ќе има шанса да го откупи неговиот договор следното лето.
23-годишниот играч од средниот ред има уште многу време да го оправда својот потенцијал, но овој пат не сака да се приклучи на редовите на европскиот великан, па неговата цел е да оди чекор по чекор во кариерата.