ФУДБАЛ

Реномиран лекар би го вакцинирал Роналдо: Замислете колку луѓе би го следеле неговиот пример

Италијанскиот лекар Матео Басети презентираше интересна позиција според која сите фудбалери кои играат во Серија А би биле вакцинирани на Апенините.

Басети тврди дека ова би претставувало позитивен пример за луѓето кои се двоумат дали да се вакцинираат против коронавирус,

“Тоа ќе спречи ширење на вирусот меѓу спортистите и ќе избегне одложување на натпреварите. Вакцинацијата ќе им испрати силна порака на навивачите дека и тие треба да прифатат вакцинација”, рече Басети, додавајќи:

“Замислете дека Кристијано Роналдо се вакцинира? Колку навивачи би го следеле неговиот пример”, рече др. Басети.

Неговиот став предизвика позитивни реакции кај луѓето на социјалните мрежи, а дали тој ќе биде примен и меѓу фудбалерите, ќе видиме.

ПОВРЗАНО

Серија А