По серијата лоши резултати на „гипсарите“ Ислами денеска официјално поднесе оставка на позицијата тренер во клубот.
41-годишникот одлично си ја вршеше работата, па ја доби довербата на управата, која пред пет месеци му овозможи да ја продолжи соработката на уште една година.
„Ислами не е повеќе тренер на Ренова откако си даде отказ на позицијата шеф на стручен штаб. Му благодариме за досегашниот придонес за развој на тимот во изминативе 17 месеци, и за историскиот пласман во Лигата на Европа“ – соопштија од ФК Ренова.
Од Ренова најавуваат дека наредниве денови ќе биде именуван новиот тренер на клубот.