ФУДБАЛ

Репрезентативецот на Србија е позитивен на коронавирус

Фудбалерот на српската репрезентација и напаѓач на Фиорентина Душан Влаховиќ (20) е позитивен на коронавирусот.

Оваа вест беше објавена вечерва од тимот од Фиренца на својата официјална веб-страница.

„Душан Влаховиќ тестираше позитивно на коронавирусот. Тој е дома и не покажува никакви симптоми. Клубот ги презеде сите неопходни мерки за да ги најде луѓето што биле во контакт со него што е можно поскоро”, рекоа од Фиорентина.

Влаховиќ ги помина сите младински селекции на Србија. Тој дојде во Фиорентина во 2018 година од Партизан, и обезбеди неколку фантастични натпревари во Серија А оваа сезона.

Ова е нов случај на коронавирус меѓу фудбалерите во Италија, а пред него беа заразени Даниеле Ругани од Јувентус и пет фудбалери на Сампдорија.

 

ПОВРЗАНО

Серија А