ФУДБАЛ

Реприза на познатото финале во Истанбул на два дена пред финалето на Светското првенство

Ливерпул и официјално ги објави подготовките за Светското првенство во Катар. Мерсисајдерите ќе бидат во кампот во Обединетите Арапски Емирати на 12-дневен тренинг. За време на истиот, Ливерпул ќе одигра и два пријателски натпревари.

Првиот ќе биде против Олимпик Лион на 11 декември, а вториот ќе биде повторување на познатото финале во Лигата на шампионите во Истанбул, бидејќи Ливерпул ќе се соочи со Милан на 16 декември, што е само два дена до големото финале на Светското првенство. Натпреварите ќе бидат дел од таканаречениот „Дубаи Суперкуп“.

Клубот објави дека за подготовката во Дубаи ќе летаат сите играчи на Ливерпул кои не добиле повик за СП 2022 година.