ФУДБАЛ

Решението за проблемите на Клоп е фантастичниот Италијанец?!

Фудбалерите на Ливерпул и оваа сезона минуваат низ тежок период, а евидентно е дека тимот ќе мора да се засили во зима, а особено во лето.

Англиските медиуми пренесуваат дека одличниот играч за врска на Милан – Сандро Тонали сега е на листата на желби на Клоп.

Италијанецот има само 22 години, во Милано пристигна во летото 2020 година од Бреша прво на позајмица, по што Росонерите го купија за 20 милиони евра.

Тонали во својата татковина го доби прекарот „новиот Пирло“, а на теренот покажа дека е иднината на италијанскиот фудбал.

Тој и оваа сезона е редовен во тимот на Стефано Пиоли, одигра 15 натпревари, постигна гол и додаде три асистенции. Сепак, она што тој го носи во играта барем се головите и асистенциите.

Тонали е одличен во организацијата на играта, може да се снајде и на неколку позиции во средниот ред, па би бил идеален за Јирген Клоп.

Трансфермаркет го проценува Тонали на 50 милиони евра, но прашање е дали Милан би се согласил да преговара за таа цена.

Тонали неодамна го продолжи договорот до 2027 година, има поголема плата и на Ливерпул нема да му биде лесно да го доведе.

Дали Тонали е вистинското решение за Ливерпул?