Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ претходната вечер го освои Синсинати откако во финалето го совлада Карлос Алкараз по речиси четири часа борба. Тој не се бореше само со Карлитос, туку и со неподносливите горештини во Охајо, па просто е неверојатно како Ноле на крајот можеше да застане на нозе. И ноќта за него не заврши со последниот поен туку само што започна…
Новак испунио обећање браћи камионџијама из Бања Луке.
Живела Србија, и Српска! pic.twitter.com/w8yQWkOER8
— Богдан Зимоњић (@bogdan_zimonjic) August 21, 2023
За што станува збор? Кога Новак Ѓоковиќ го заврши натпреварот и заврши церемонијата на доделување на пехарот, додека тој даваше автограми, група момци му дофрлаа нешто. Потоа ги погледна и рече „се гледаме подоцна“, а ретко кој можеше да помисли во тој момент дека ќе се сети на ветувањето, а камоли да го исполни по бурната ноќ.
Но, токму Новак Ѓоковиќ во текот на кариерата многупати покажа дека не е обичен спортист. Кога го виделе Новак не можеле да поверуваат, го пофалиле за спортскиот дух и човечките квалитети, а на крајот Ноле потпишал камион со негова фотографија. Велат тоа е направено за време на УС Опен во 2019 година, онаа познатата од која беше суспендиран поради удирање на судијата. „За браќата Миодраговиќ. Благодарам Чикаго. Да живеат Србија и Српска“, напиша Ѓоковиќ на кабината на камионот со кој браќата од Бањалука уште долго ќе се гордеат.
