ФУДБАЛ

Ретко кој може да се пофали дека добил зборови од Роналдо како Марсело

Бразилскиот дефанзивец Марсело се прости од Реал Мадрид по 15 години играње за кралскиот клуб.

Бразилецот пристигна во Реал Мадрид зимата 2007 година, по трансферот од Флуминезе, а заедно со Лос Бланкос Марсело испиша историја откако освои пет трофеи во Лигата на шампионите, шест шпански титули и многу други трофеи со кои стана најтрофејниот играч во клупската историја.

Пораки за Марсело испратија бројни актуелни ѕвезди на Реал Мадрид, но и легендарни фудбалери кои настапуваа за клубот од шпанската престолнина.

Последен од нив беше поранешниот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Португалецот ја делеше соблекувалната со Марсел во периодот од 2009 до 2018 година.

„Повеќе од соиграч, братот кој ми го понуди фудбалот. На и надвор од теренот, една од најголемите ѕвезди со која имав задоволство да делам соблекувална. Среќно во оваа нова авантура, Марсело“, напиша Кристијано Роналдо на Твитер.