ФУДБАЛ

Ретко кој се сеќава на последниот гол кој го постигна Диего Коста

Диего Коста „пости“ веќе 17 натпревари во Ла Лигата, што никогаш не му се случи тоа во неговата кариера.

Последен пат на името на Диего Коста на семафорите се најде на 25 февруари оваа година, кога Атлетико како гостин ја “прегази” Севиља со високи 5:2, а тој натпревар го обележа Гризман постигнувајќи хет-трик.

Од тогаш, Бразилецот со шпански пасош не постигна првенствен гол, а тоа е навистина неверојатно за еден таков играч.

Диего Симеоне не се грижи за тоа, бидејќи тој знае дека напаѓачот Диего Коста, порано или подоцна ќе „проработи“.

“Диего работи напорно, головите ќе дојдат сами по себе. Ова е извонреден играч, многу важен за нашата игра, има силно влијание на теренот и во соблекувалната. Ако продолжи да игра како во дуелот против Сосиедад брзо ќе почне да ја треси мрежата”, истакна Симеоне.

ПОВРЗАНО

Ла Лига