Фудбалерите на Штутгарт ремизираа 1:1 на домашен терен со Баер Леверкузен во 32. коло од германската Бундес лига.
Нерешениот резултат е реален исход по се што се гледа во Мерцедес Бенц Арената, особено по многу тензичното второ полувреме.
Првиот дел од натпреварот не донесе многу возбудувања, но подоцна видовме два пенали и дури седум жолти картони.
Домашните први поведоа во 57. минута кога Серу Жирасу од белата точка ја погоди мрежата на Храдецки.
„Фармацевтите“ возвратија со иста мерка, прецизен беше Езекиел Паласиос во 70. минута исто така од белата точка, овој пат на другата страна .
На две кола до крајот Штутгарт е во зоната за испаѓање со 29 бода, додека Леверкузен е седми со 49.
